Инвестиција во „Пекабеско“ од 13 милиони евра

Bez autora
Jul 15 2012

„Пекабеско“ реализира нова инвестиција со поддршка од кредитната линија што Владата ја обезбеди од Европската инвестициска банка, ЕИБ. Објектот е во завршна фаза и се очекува да биде пуштен во употреба во септември. Според премиерот Никола Груевски, станува збор за сериозна инвестиција од 13 милиони евра, од кои 9,5 милиони евра се обезбедени преку Тутунска банка од кредитната линија од 100 милиони евра од ЕИБ. Ова е еден од покрупните проекти што доби поддршка од кредитната линија од ЕИБ со субвенционирана камата од 5,5 проценти што Владата ги обезбеди како една од антикризните мерки за време на светската економска криза. „Пекабеско“ во моментов работи во трипати помал објект и со пуштањето во употреба на новиот капацитет се очекува зголемување на бројот на вработени од сегашните 200 на 300 во наредните години.

Инвестиција во „Пекабеско“ од 13 милиони евра„Пекабеско“ реализира нова инвестиција со поддршка од кредитната линија што Владата ја обезбеди од Европската инвестициска банка, ЕИБ.

Објектот е во завршна фаза и се очекува да биде пуштен во употреба во септември.

Според премиерот Никола Груевски, станува збор за сериозна инвестиција од 13 милиони евра, од кои 9,5 милиони евра се обезбедени преку Тутунска банка од кредитната линија од 100 милиони евра од ЕИБ.

„Ова е еден од покрупните проекти што доби поддршка од кредитната линија од ЕИБ со субвенционирана камата од 5,5 проценти што Владата ги обезбеди како една од антикризните мерки за време на светската економска криза“, изјави Груевски.

„Пекабеско“ во моментов работи во трипати помал објект и со пуштањето во употреба на новиот капацитет се очекува зголемување на бројот на вработени од сегашните 200 на 300 во наредните години. Новиот објект ќе понуди и подобри услови за производство и многу поголем капацитет за извоз и можност за освојување нови пазари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik